Јуве му оддаде почит на Астори, а потоа ја растури Фиорентина

Јувентус продолжува со доминацијата во италијанската Серија А, откако без проблеми со 3:0 славеше на гости кај Фиорентина. За Јувентус ова е 13 победа во 14 меч и само го подобрува најдобриот старт во историјата на италијанското првенство.

Пред почетокот на мечот, играчите на Јувентус положија цвеќе во чест на починатиот капитен на Фиорентина, Давиде Астори. Со овој потег, најтрофејниот клуб во Италија покажа голема почит кон прерано починатиот фудбалер. Сепак, Јувентус немаше милост кон противникот на теренот.

Родриго Бентанкур ги доведе гостите во водство со погодокот во 31 минута по додавање на Дибала. Во второто полувреме Јувентус само ја потврди победата. Џорџо Кјелини зголеми на 2:0 во 69 минута, а Кристијано Роналдо од пенал во 79 ги постави конечните 3:0.

За Роналдо ова беше 10 погодок и по пауза од 61 година е прв играч на Јувентус кој во дебитантската сезона дал двоцифрен број на голови по првите 14 одиграни кола.

Во првиот меч одигран денеска во Серија А, СПАЛ и Емполи ремизираа 2:2.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести