Јуве осум кола немаше примено гол, а на Наполи му требаа 14 минути за да го најде патот до мрежата (Видео)

Наполи со головите на Виктор Осимен и Хвича Кварацхелија, води со 2-1 во дербито на италијанската Серија А против Јувентус.

Јуве имаше серија од осум меча без примен гол, цели 770 минути нивниот голман беше несовладан, но Наполи сезонава е феноменален и ако победи вечерва, оди на плус 10 бода во однос на Старата дама.

Виктор Осимен првпат во кариерата даде гол против Јуве, а истото го стори и Грузиецот Кварацхелија. Овие двајца освен по еден гол, вечерва имаат и по една асистенција. Голот за Јуве го даде Анхел Ди Марија, па неизвесноста е вратена.

Ова е голот на Осимен со кој заврши периодот од 770 минути на Јуве без примен гол во лигашки меч:

- Оглас -

Најнови вести