Јуве плати за него 40 милиони евра, а налето ѕвездата ќе си замине бесплатно

Јувентус го очекува голема летна реконструкција, а откако остана без Џорџо Кјелини, којшто најверојатно ќе оди во САД, како и Паоло Дибала, уште еден фудбалер нема да го продолжи договорот.

Станува збор за Федерико Бернардески, играчот за кого во 2017 година Јуве плати 40 милиони евра за да го доведе од Фиорентина. Дваесет и осумгодишното крило целосно разочара со своите настапи за Старата дама и на 133 одиграни натпревари има постигнато само осум погодоци.

Бернардески е дел и од селекцијата на Италија, каде што досега има одиграно 38 натпревари и постигнато шест погодоци.

Сè уште не е позната неговата следна дестинација, но како и Дибала така и овој фудбалер се поврзува со Рома.

- Оглас -

Најнови вести