Јуве повторно рано постигна гол, а резервниот голман ја спасуваше Дамата од пораз

Фиорентина и четврти пат по ред остана непоразена дома во лигашки меч против Јувентус, но Виолетовите можеа и да победат, но не реализираа пенал.

Средбата во Фиренца заврши 1-1, а голот за Старата дама го постигна Аркадиуш Милик во 9 минута. И во претходните две кола Јуве даваше гол во првите десет минути од мечевите, а Полјакот Милик кој дојде како засилување минатата недела, на втор меч по ред дава гол во дресот на Јуве.

При 1-1, Лука Јовиќ утна пенал за Фиорентина. Шутот на Србинот го однбра Матија Перин, кој бранеше на местото на повредениот прв голман Војчех Шчесни. Од последните седум пенали против Јуве во Серија А, реализирани се само три.

Душан Влаховиќ кој лани од Фиорентина прејде во Јувентус, беше на клупата за резерви и не влезе во игра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести