Јуве тргнува во нова „бесплатна операција“ на штета на Премиер лигата

Сезоната во Серија А уште не е започната, а актуелниот шампион Јувентус веќе крои планови како да го засили составот за следната година. Според информациите на одредени англиски медиуми, Старата дама воспоставила контакт со креаторот на Тотенхем, Кристијан Ериксен. Планот е да ги осигури услугите на Данецот во летото 2020 година, откако Ериксен ќе стане слободен играч по истекувањето на договорот со Петлите.

Во последната година од соработката во редовите на европскиот вицепрвак, Ериксен е далеку од потпис на нов договор, а во летниот преоден рок не успеа да ја смени средината иако имаше обиди за тоа. Реал Мадрид и Манчестер јунајтед беа најзагреани, но лондонскиот клуб бараше сума која двата гиганти немаа намера да ја платат.

Јуве веќе во декември ќе може да ги отвори преговорите со Ериксен околу преселба на стадионот „Алијанц“, како што претходно го стори тоа со Арон Ремзи од Арсенал. Покрај Велшанецот, Јуве пред неколку години доведе уште еден играч од Премиер лигата, и тоа без отштета, а станува збор за Емре Џан, ексфудбалерот на Ливерпул.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести