Јуве во Италија е двојно подобар, ама во Европа е послаб од Интер и Милан

Со победата над Сампдорија од 2-0, Јувентус синоќа си го обезбеди 36-тото Скудето (две титули им се одземени на зелена маса) и потврди дека на италијанска сцена нема конкуренција. Јуве сега има еднаков број титули како Милан и Интер заедно. Миланските клубови по 18 пати биле прваци на Италија.

Јуве има девет титули по ред, а Џорџо Кјелини е единствениот кој се радува девет години по ред, додека 61-годишниот Маурицио Сари стана најстариот тренер кој се закитил со шампионска титула во историјата на Серија А.

Сепак, доминацијата на Јуве во однос на миланските ривали не само што не е изразена и надвор од границите на Италија, туку ситуацијата е обратна. Јувентус има само две европски клупски титули, од 1985 и 1996 година веќе 24 години го чека трофејот, а бројот на европски титули им е помал од бројот на европски трофеи кои ги имаат Росонерите и Нераѕурите од Милано.

Милан има седум, а Интер три титули во Лигата на шампионите или Купот на европските шампиони, како што се викаше порано најсилното натпреварување во Европа.

- Оглас -

Најнови вести