Јувентус дефинитивно крена раце од Дибала

Управата на Јувентус одлучи да ги прекине преговорите за продолжување на договорот со Пауло Дибала. Бјанконерите не ги прифаќаат условите кои ги постави агентот на Аргентинецот, односно не планира да го направи втор најплатен играч зад Кристијано Роналдо во тимот.

Дибала наводно бара 15 милиони евра по сезона, додека Јувентус најмногу понуди до 10 милиони евра, па ненаоѓањето компромис значи и дефинитивно откажување на клубот да ја задржи својата ѕвезда.

Дибала има договор вреден 7,5 милиони евра годишно кој му истекува во летото 2022 година, па ако сака, може да си замине по крајот на оваа сезона, или под исти услови да го одработи договорот и како слободен играч да си замине наредната година.

- Оглас -

Најнови вести