Јувентус добива две големи засилувања пред реваншот во ЛШ

Екипата на Јувентус влегува во ритам кога е најпотребно, во клучниот дел од сезоната. Старата дама победува во Серија А и полека се враќа во трка за Скудетото, но, секако, во фокусот се и мечевите од Лигата на шампионите.

Најтрофејниот италијански клуб в среда на свој терен ќе игра против Вилјареал во реваншот од осминафиналето во ЛШ. Првиот дуел во Шпанија заврши 1:1, што значи дека во Торино мора да има победник.

Добра вест за тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, е тоа што во тимот се враќаат Пауло Дибала и Џорџо Кјелини. Искусниот Кјелини треба да донесе стабилност во одбраната, додека Дибала е играчот кој во нападот може да го реши прашањето околу победникот.

- Оглас -

Најнови вести