Екипата на Јувентус за следната сезона би можела да добие засилување од Лацио, и тоа бесплатно. Новинарот Ромео Агестри откри дека Јувентус му нуди подобра плата на Фелипе Андерсон од Лацио.
Договорот на Андерсон со Лацијалите истекува на крајот од сезоната и поради тоа од вчера има право да разговара со заинтересираните екипи и засега во пол-позиција е Старата дама.
https://twitter.com/IFTVofficial/status/1742541833131987362
Лацио му понуди нов договор со годишна плата од 3,5 милиони евра, но Бразилецот бара половина милион повеќе и оваа желба е подготвен да му ја исполни Јувентус.
Андерсон во 2013 година од Сантос се пресели во Лацио, по што во 2018 година потпиша за Вест хем. Но, не се снајде во редовите на премиерлигашот и во 2021 година се врати во Лацио.