Јувентус е задоволен од Влаховиќ и ќе му го продолжи договорот

Српскиот репрезентативец Душан Влаховиќ се очекува да му остане верен на Јувентус и во следните неколку години, барем според тоа што го најавува реномираниот весник „Газета дело спорт“. Голгетерот има актуелен договор со Старата дама до јуни 2026 година, а во последната година треба да заработи 12 милиони евра.

Влаховиќ сезонава игра одлично и во 23 меча постигна 15 гола во Серија А, што е доволно за интерес да покажат неколку европски клубови, меѓу кои биле и Арсенал и Челзи. Токму затоа во следниот период се очекува Јувентус да му понуди нов двегодишен договор кој ќе го обврзе да остане во Торино до 2028 година.

Пред да дојде во Јувентус, 24-годишниот голгетер го носеше дресот на Фиорентина, а кариерата ја започна во Партизан. За националниот тим на Србија одигра 25 меча и досега има постигнато 13 погодоци.

- Оглас -

Најнови вести