Јувентус е „закон“ во Италија: Нова титула за Старата дама во Серија А

По елиминацијата од Лигата на шампиони, Јувентус веднаш најде утеха и денеска освои нова титула во италијанското првенство. Гигантот од Торино, на свој терен славеше против Фиорентина со 2:1 и на пет кола до крајот веќе има недостижна предност пред второпласираниот Наполи.

Фиорентина прва даде гол и дојде во водство со погодокот на Миленковиќ уште во шестата минута. Сепак, во продолжение на мечот, домаќините се погрижија да нема ново разочарување на стадионот во Торино. Алек Сандро погоди за 1:1 во 37 минута, во 53 минута, Фиорентина си даде автогол за 2:1 за домаќините.

За Јувентус ова е 33-та титула во клупската историја (не се сметаат двете кои им беа одземени поради аферата со наместени мечеви и случајот „Калчополи“). Историски е тоа што Старата дама осма сезона по ред е шампион во Италија, нешто што не му успеало на ниту еден тим во Топ 5 лигите во Европа. Претходно рекордот беше на Лион во Франција, кој успеа седум сезони по ред да биде првак на Франција во периодот од сезона 2001/2002 до сезона 2007/2008.

- Оглас -

Најнови вести