Јувентус финишира со екстра засилување – Кјеза ѝ се приклучи на Старата дама

Федерико Кјеза е нов играч на италијанскиот шампион Јувентус, а потпиша двегодишен договор и ќе игра како позајмен играч од Фиорентина.

При потпишувањето на договорот со одличниот напаѓач и италијански репрезентативец, Старата дама се обврза да го откупи договорот што Кјеза го има со Виолетовите за сума од 50 милиони евра.

Кјеза беше играч на Фиорентина цели 10 сезони и Јувентус ќе му биде втор клуб за кој ќе настапува во кариерата. Федерико има и 19 настапи за италијанската репрезентација со еден постигнат гол.

- Оглас -

Најнови вести