Јувентус го враќа стоперот, по само 4 меча одиграни за Ал Духаил

Алжирецот Мехди Бенатја одигра само 4 меча за катарскиот клуб Ал Духаил и по шест месеци можно е да се врати во редовите на Јувентус.

Според „Ла Стампа“, раководството на Старата дама, сака да го  врати 32-годишниот стопер во своите редови, иако во јануари им го продаде на Катарците за 10 милиони евра.

Бенатја го паметиме по контроверзниот пенал над Лукас Васкес во полуфиналето на ланскиот циклус во Лигата на шампионите против Реал Мадрид.

Тогаш Алжирецот во последните секунди стартуваше над Васкес, а пеналот што се уште предизвикува дебати, дали беше фаул, или не. Го реализираше Кристијано Роналдо, а тој момент беше клучен за елиминација на Јувентус.

 

- Оглас -

Најнови вести