Јувентус заборави да победува на гости, овојпат не успеа да слави ниту против „редовниот пациент“ (Видео)

Калјари и Јувентус одиграа нерешено 2:2 во меч од 33 коло на италијанската Серија А. Овој бод беше важен за двата тима. Јувентус е во борба за место кое води во Лигата на шампиони, а Калјари уште нема обезбедено опстанок.

Калјари одигра одлично прво полувреме кога поведе со 2:0 и тоа благодарение на два погодоци од пенал. Гаетано и Јери Мина беа прецизни од белата точка за водство на домаќините на полувреме.

Во второто полувреме Јувентус тргна многу поофанзивно. Гостите имаа преку 80 отсто посед на топка и таа доминација ја наградија со два гола. Душан Влаховиќ намали на 1:2 во 61 минута, а Досега потоа си даде автогол во 87 минута.

Со ова реми Јувентус ја продолжи лошата низа на гостувањата. Старата дама нема победа на гости во првенството во последните шест средби (три порази и три реми). Последен пат со цел плен Јувентус од гости си замина на 21 јануари кога на стадионот „Вила дел Маре“ со 3:0 го победи Лече.

Инаку Калјари важи за „редовен пациент“ на Јувентус затоа што во претходните 25 нивни пресметки, тимот од Торино има 21 победи, три пати било нерешено, а само еднаш се радувал Калјари.

- Оглас -

Најнови вести