Јувентус и Атлетико договорија трансфер, но докторите кажаа „стоп“

Екипите на Јувентус и Атлетико Мадрид договорија позајмица на напаѓачот Мојзе Кен, но реализација нема да има. Фудбалерот уште во саботата пристигна во Мадрид и требаше да потпише договор, но најправо беше испратен на лекарски прегледи.

Проценката на докторите беше дека италијанскиот интернационалец нема да може да игра во следните 30-тина дена, па Атлетико Мадрид се повлече од трансферот и до реализација нема да дојде. Сега фудбалерот се враќа во Торино и ќе чека шанса за настап.

Според „Трансфермаркет“, Мојзе Кен, кој некогаш вредеше 40 милиони евра, сега вреди „само“ 18 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести