Јувентус и Барселона подготвуваат нова трампа, многу поатрактивна од таа на Пјаниќ и Артур!

Пред почетокот на сезонта, Јувентус и Барселона направија размена на играчи. Миралем Пјаниќ замина на „Камп Ноу“, а во Торино пристигна Артур Мело. Според најавите од Италија, на крајот од сезонава може да се случи нова трампа, но овојпат да биде со многу позвучни имиња.

Кориере дело Спорт најавува дека се подготвува размена на напаѓачите Антоан Гризман и Пауло Дибала. Гризман имаше еден блескав период сезонава, но потоа затаи и едноставно го нема во офанзивниот ред на каталонскиот гигант. И Дибала имаше добар старт во Јувентус, но потоа падна во „втор план“ и ја загуби формата.

Двајцата фудбалери играат во нападот, а Дибала е две години помлад, па не може да се процени кој од двата европски гиганти подобро би поминал од евентуална ваква трампа.

 

- Оглас -

Најнови вести