Јувентус и Евертон пред договор, Кен се сели кај „карамелите“ од Ливерпул

Јувентус ќе ги добие бараните 40 милиони евра за Мојс Кен, а ќе ги плати Евертон, екипа што ќе го ангажира младиот репрезентативец на Италија.

Скај спорт објави дека веќе има договор меѓу двата клуба за преселба на напаѓачот на Старата Дама на „Гудисон Парк“, со што Кен ќе почне нова ера во својата кариера, која ја почна успешно со неколку одлични настапи за италијанскиот шампион, па дури стаса и до дресот со национални бои на Италија.

Момчето што е родено во Верчели има само 19 години, а со 25 гола на 24 меча во последната сезона како јуниор во Јувентус најави блескава кариреа. Играше одлично и за сениорскиот состав на Јуве, постигна и неколку убави голови, но раководството на Старата Дама одлучи да го продаде и Кен, според најавите од налгиските медиуми ќе биде нов член на Евертон.

- Оглас -

Најнови вести