Јувентус и Јунајтед подготуваат трампа, српскиот напаѓач е на пат кон „Олд Трафорд“?!

Новиот тренер на Манчестер јунајтед, Рубен Аморим, во понеделник ќе ја преземе екипата, но веќе се започнати размислувањата како би требало да изгледаат Црвените ѓаволи од јануари.

Џошуа Циркзе летоска беше купен од Болоња, но не ги оправда очекувањата, па Аморим нема да смета на неговите услуги и тој може да си бара нова фудбалска средина, а интерес за него има од Јувентус.

Токму тука раководството на Манчестер јунајтед ја гледа шансата да дојде до потписот на одличниот српски напаѓач Душан Влаховиќ, кој и не е баш најомилениот фудбалер кај тренерот на Старата дама, Тијаго Мота.

Кај екипите постои расположение за трампа, па останува само да се договорат деталите и, секако, фудбалерите да ги договорат личните услови.

- Оглас -

Најнови вести