Ако вака продолжат, црно им се пишува на Јувентус и Манчестер јунајтед

Најтрофејните клубови во Италија и Англија, Јувентус и Манчестер јунајтед објавија значителни загуби за сезоната 2020/21. Доскорешниот клуб на Кристијано Роналдо и клубот во кој Португалецот летово направи трансфер ги вклучија алармот.

Манчестер јунајтед за минатата сезона има загуба од 92,2 милиони фунти, што е за речиси четири пати повеќе од загубата што ја имале претходната сезона, односно 23,2 милиони фунти.

Во Јувентус, ситуацијата е уште поопасна. Старата дама пријави загуба од дури 209,9 милиони евра, односно два пати повеќе од сезоната 2019/20. Најголем виновник за овие загуби на гигантите е пандемијата со Коронавирусот и празните стадиони.

Во Англија сезонава се дозволи стадионите да бидат со полн капацитет и тоа е еден добар знак за поправање на финансиската слика во Манчестер јунајтед. Во Италија, на стадионите не е дозволено да биде полн капацитетот, па Јувентус уште сега е подготвен дека на крајот на оваа сезона ќе има нов минус.

 

- Оглас -

Најнови вести