Јувентус и Милан во Џеда по суперпобеда

Јувентус е фаворит против Милан во Џеда, во меч од Суперкупот на Италија, Монако има императив да ја победи Ница, додека во реванш-мечевите во Копа дел Реј блиску до пласман во четврт-финалето се Атлетико, Севилја и Реал Мадрид.

 

Јувентус – Милан (18.30 часот)

Јувентус со апсолутната доминација во Италија во оваа декада си набилда уште подобар биланс со сите екипи, па и Милан не е исклучок и има шест порази во низа против шампионот.

На ред е меч во Суперкупот на Италија меѓу двете екипи, а ќе се игра на егзотично место, во Џеда, Саудиска Арабија. На стадинот „Кинг Абдулах“ фаворитот се знае, повторно тоа е Јувентус, екипа која има двојни круни во Италија во последните четири години.

Двете екипи имаат долга традиција на меѓусебни дуели, а Јуве има предност со 105 победи, наспроти 96 на Милан во сите натпреварувања. Вечерва ќе се игра 286-тиот меч на ривалите од Торино и Милано.

Кај Милан ќе недостасува Сусо, кој е под суспензија, а нема да играат ниту Билја, Калдара и Бонавентура, кои се повредени.

И кај Јувентус нема да игра еден од клучните играчи, Марио Манџукиќ, кој според формата веројатно е најдобриот фудбалер на „старата дама“ сезонава. Во аут се и Кансело, Барѕалји, Ругани и Бенатја, но Јувентус полесно ќе ги прегрми отсуствата бидејќи има поголем фонд на квалитетни играчи од Милан во моментов.

Предлог тип: ГГ&3+ (2.80) Квота на денот

 

Монако – Ница (19 часот)

За Монако магично изгледаат последните пет сезони пред оваа, кога тимот редовно завршуваше во најдобрите три состави на табелата. Од 2013 година, кога клубот од Кнежевството се врати во елитниот ранг на натпревари во Франција, редовно беше меѓу трите најдобри екипи.

Сезонава ја почнаа катастрофално и се борат за опстанок, па Тјери Анри бара начин како да ја спаси екипата од пад во понизок ранг. Доаѓањето на Сеск Фабрегас, кој имаше деби против Марсеј, донесе свежина и квалитет во средниот ред, па Монако може да се надева на подобри игри и на бегство од долниот дел на табелата.

Ница игра многу подобро и е само 4 бода зад екипите кои се надеваат на излез во Европа, но тешко победува како гостин во Монако.

Предлог тип: 1&ГГ (2.65) Квота на денот

 

Атлетико Мадрид – Жирона (19.30 часот)

Голот на Гриезман на првиот меч во Каталонија и ремито од 1-1 му носи предност на Атлетико на реваншот од осминафиналето во Копа дел Реј.

Атлетико е поквалитетна екипа, а сезонава и Жирона игра одличен фудбал, иако моментно е во лоша серија од пет меча без победа.

Вистински куриозитет на меѓусебните дуели на овие две екипи е дека во четирите досегашни средби играле само нерешено. Време е за прва победа на „јорганџиите“.

Предлог тип: 1&2-4 гола (2.15) 

 

Севилја – Атлетик Билбао (20.30 часот)

Двете екипи ќе го играат третиот меч меѓусебе во последните шест дена, а денеска ќе се одлучува за четврт-финалистот во шпанскиот куп. Севилја има огромна предност од првиот меч, кога славеше со 3-1, па на Атлетик ќе му треба чудо за подвиг. Игра многу подобро откако на клупата пристигна Гаиска Гаритано и има само еден пораз во 7 меча, токму од Севилја на „Сан Мамеш“.

Двете екипи имаат тешки мечеви во Ла Лига викендов, па можно е да се чуваат главните адути. Севилја ќе му биде гостин на Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“ во сабота, а Атлетик ќе патува за Валенсија на мегдан со Вилјареал, кој е конкурент во битката за опстанок.

Предлог тип: 1Х&0-3 гола (1.80)

 

Леганес – Реал Мадрид (21.30)

Слично како и на реваншот меѓу Севилја и Атлетик, и овде двете екипи повеќе ќе мислат на следниот предизвик во Ла Лига отколку на денешниот реванш во Копа дел Реј. Реал победи на првиот меч со 3-0, па патникот во четврт-финалето веројатно е решен, ако не се случи сензација на векот.

Поверојатна варијанта е Леганес да се подготвува за жешкото гостување кај лидерот Барселона, во мечот закажан за в недела, на 20-ти јануари. Реал ја чека Севилја ден претходно, во дербито на 20-тата рунда во шпанското првенство, па јасно е дека мора да се чуваат силите во ситуација кога кралскиот клуб има огромна предност од 3-0 против градскиот ривал од Мадрид.

Предлог тип: Х2&0-3 гола (2.85)

 

- Оглас -

Најнови вести