Јувентус има добар план – Киеза и Заниоло ќе бидат летен пакет за „старата дама“

Јувентус сака да ја продолжи апсолутната доминација во Италија и да биде конкурентен во Лигата на шампионите, а планот на раковдоството на „старата дама“ е да се купуваат репрезентативците на Италија, и тоа тие помладите.

„Тутоспорт“ најавува летна офанзива на „црно-белите“ во обид да се ангажираат напаѓачот на Фиорентина, Федерико Киеза и сензацијата од Рома, Николо Заниоло.

Фиорентина истакна цена за Киеза и таа изнесува 70 милиони евра, а Јувентус се обидува да направи неколкукратна трампа со Рома за да го добие Заниоло. Тој е еден од најдобрите млади играчи во Италија, а веќе стигна и до селекцијата А на „аѕурите“.

Од Рома велат дека Заниоло не е за продажба, но Јувентус има и пари и играчи да го скрши отпорот на римската волчица. Има варијанти со продажба на Гонзало Игуаин, кој сè уште е играч на Јувентус, а настапува како позајмен фудбалер за Челзи, но и уште неколку опции за да се стигне до голем трансфер од Рим во Торино на еден од најпреспективните млади играчи во Европа.

 

- Оглас -

Најнови вести