Јувентус ќари 15 милиони евра за играч кој не одигра ниту една минута во првиот тим

Во изминативе неколку години Јувентус покажа дека е клуб кој знае одлично да помине на трансфер-пазарот. Старата дама многупати добиваше играчи без да плати ниту едно евро, доведуваше млади фудбалери кои подоцна ги праќаше на позајмица, а потоа од нив добро заработуваше.

Еден од тие одлични работи завршени на пазарот е и денешната продажба на Рикардо Орсолини. Тоа е крилниот играч кој во 2017 година дојде од Асколи, а беше најавуван како потенцијал за нова ѕвезда во италијанскиот фудбал. Со гигантот од Торино потпиша договор до 2021 година.

Сепак, Орсолини не успеа да се наметне во првиот тим на Јувентус, па заврши како позајмен играч во Аталанта, а потоа и во Болоња. Минатата сезона, Орсолини одлично се снајде во Болоња, па овој клуб реши да го откупи неговиот договор од Јувентус. Болоња плати 15 милиони евра за играчот кој не одигра ниту една минута за Јувентус.

- Оглас -

Најнови вести