33.8 C
Skopje
понеделник, 14 јули 2025

Јувентус ќе го засили нападот со германски репрезентативец

Италијанскиот калчолигаш Јувентус ги засилува своите намери за доведување на нов напаѓач во зимскиот трансферен прозорец. Тренерот на тимот, Тијаго Мота, изрази желба за нов офанзивец кој би ја поделил одговорноста во нападот со главната ѕвезда, Душан Влаховиќ.

Во моментот, српскиот напаѓач е единствената сигурна опција за Мота, бидејќи Аркадиуш Милик е надвор од игра поради повреда.

Последниве недели, Јувентус се поврзува со неколку имиња, како што се Џошуа Зиркзе од Манчестер јунајтед и Рандал Коло Муани од Пари Сен Жермен. Сепак, на овој список сега се придружи и германскиот репрезентативец Никлас Фулкруг, кој моментално игра за Вест Хем.

Фулкруг, кој летово се пресели во Лондон од Борусија Дортмунд, не успеа целосно да го покаже својот потенцијал. Напаѓачот беше стартер во само три натпревари досега, постигнувајќи два гола.

Не е исклучена можноста Вест хем да го испрати на позајмица до крајот на сезоната, а Јувентус би можел да биде идеална дестинација за него. Овој потег би можел да биде клучен за засилување на напаѓачката линија на Старата дама.

- Оглас -

Најнови вести