Јувентус е пред испаѓање од ЛШ, дали се најавува првиот пораз на Реал Мадрид сезонава?

По првите 26-27 минути од мечевите во Лигата на шампионите, веќе има погодоци на три средби. Лајпциг изненадувачки води со 2:0 против Реал Мадрид. Кралевите се без Алаба, Бензема, Модриќ и Валверде, па Лајпциг тоа максимално го искористи и  благодарение на головите на Гвардиол во 13-тата минута и Нкунку во 18-тата минута има добра предност.

Најдраматично е во Бенфика, каде што домаќинот Бенфика води со 2:1 против Јувентус. Домаќините први се израдуваа на голот на Силва, но Старата дама брзо се врати во игра и преку Влаховиќ израмни на 1:1. Во 27-мата минута Бенфика повторно поведе со голот на Жоао Марио и сега на Старата дама ќе ѝ биде многу тешко да се врати во игра за победа.

Пари Сен Жермен со голот на Лионел Меси води со 1:0 против Макаби Хаифа на дуел што се игра на „Паркот на принцовите“.

https://twitter.com/i/status/1584990667679596544

- Оглас -

Најнови вести