Јувентус ќе се соочи со финансиска криза, Роналдо има две опции

Пандемијата со Коронавирусот не наштети само на здравјето на луѓето, туку и на економијата. Цела Европа е во застој и речиси ништо не функционира, по што се предвидува финансиска криза доколку во најскоро време не се најде решение за спас од вирусот Ковид-19.

Голем дел од европските гиганти веќе преземаат мерки како да се заштитат од финансиска криза, најпопуларна опција моментално е скратување на платите на играчите. Барселона веќе го направи тој чекор, а тоа се очекува да го стори и управата на Јувентус.

Овој чекор многу ќе биде на штета на Кристијано Роналдо, ѕвездата на Старата дама и убедливо најплатениот фудбалер во Италија. Португалецот заработува 30 милиони евра годишно според договорот кој му важи до јуни 2022 година, но ќе мора да прифати драстично намалување на примањата за да се одржи стабилноста на италијанскиот првак.

Во случај да не се согласи, Јувентус ќе нема друга опција освен да го продаде Роналдо откако фудбалот ќе се врати во нормала.

- Оглас -

Најнови вести