Јувентус на 3 ноември е најопасен во првата минута

Јувентус стигна до 10 победа во 11 меч во италијанската Серија А, откако со 3:1 славеше против Калјари, во Торино. Актуелниот италијански првак погоди уште во првата минута, односно во 42 секунда, кога прецизен беше Пауло Дибала.

Овој погодок на Аргентинецот е најбрзиот гол што Јувентус го има дадено во последните шест години.  Интересно е тоа што пред точно шест години, односно на 3 ноември 2012 година, Видал погоди во 18 секунда на дербито против Интер. Едноставно на Јувентус му одговара да дава гол во првата минута на овој датум.

Калјари израмни преку Жоао Педро во 36 минута, а само 125 секунди подоцна Јувентус повторно беше во предност и тоа благодарение на автоголот на Филип Брдариќ. Иако Калјари даде и гол, на овој меч гостите само 167 секунди поминаа на теренот, а да не се во негатива.

Точка на победата на Јувентус стави Квадрадо со погодокот во 87 минута, по асистенција на Кристијано Роналдо.

- Оглас -

Најнови вести