Јувентус најде купец за Рабио

Јувентус и Манчестер јунајтед отпочнаа преговори околу услугите на Адриен Рабио. Францускиот играч за врска е блиску до преселба на „Олд Трафорд“ откако италијанските медиуми потврдија дека 20-кратниот англиски првак напоредно преговара и со агентот на Рабио, неговата мајка Вероника.

Фудбалерот е вишок во Торино и неговото заминување посебно ќе се слави во просториите на Јувентус бидејќи клубот се ослободува од неговата висока плата од 7 милиони евра на годишно ниво.

Вредноста на трансферот, како и сумата и должината на договорот на Рабио со Јунајтед ќе се обелоденат кога ќе има поконкретни информации.

- Оглас -

Најнови вести