Јувентус најдоцна до утре ќе го промовира новиот тренер

Фудбалерите на Јувентус најдоцна до утре ќе дознаат кој ќе ги води во новата сезона. Откако стигна потврда дека Челзи и Маурисио Сари нема да ја продолжат соработката, од Торино стигна информација дека најдоцна до утре ќе се обелодени новиот тренер, а тоа ќе биде токму Сари.

Се чекаше крајниот епилог по неколкучасовниот состанок меѓу раководството на клубот од Лондон и претставникот на италијанскиот стратег, Фали Рамадани, а откако е одлучено дека приказната меѓу Сари и Челзи завршува по освоениот трофеј во Лигата на Европа, во Торино веќе се подготвуваат за промоција.

Сари треба да пристигне денес во Торино каде ќе стави потпис на повеќегодишна соработка според која ќе заработува 7 милиони евра по сезона.

Иако се очекуваше наследник на Макс Алегри да биде реномиран тренер кој има искуство со водење на шампионски тим и знае како се носат трофеи, раководството на италијанскиот првак се одлучи да му ја даде довербата на Сари, кој направи успех со Челзи во својата прва сезона освојувајќи ја Лигата на Европа, како и пласманот до третото место во Премиер лигата, но овие факти очигледно не се доволни за челниците на Сините.

- Оглас -

Најнови вести