Јувентус не греши двапати против Лацио, на „Олимпико“ носи предност од два гола (Видео)

Фудбалерите на Јувентус само три дена откако загубија од Лацио во Серија А, вечерва се поправија пред своите гледачи и направија голем исчекор кон пласман во финалето на Купот на Италија.

Старата дама во првиот полуфинален меч против Лацио на „Алијанц арената“ во Торино славеше со 2:0 и ја прекина серијата од четири меча без победа.

Јувентус победата ја обезбеди во второто полувреме, прво Федерико Кјеза во 50-тата минута го отвори резултатот, а 14 минути подоцна и Душан Влаховиќ се запиша во листата на стрелци. Реваншот по кој ќе биде познат финалистот, ќе се игра на 23 април на „Олимпико“.

- Оглас -

Најнови вести