Јувентус нема да им ги враќа парите на навивачите од билетите за дуелот со Интер

Опасноста од Коронавирусот во Италија е подигната на највисоко ниво. Тоа е знак дека сите мора да бидат претпазливи, а забрането е собирање на голема толпа на народ. Токму поради тоа, следното коло во Серија А ќе се одигра пред празни трибини. Тоа значи дека нема да има публика ниту во Торино, каде што ќе се игра големото Дерби на Италија меѓу Јувентус и Интер.

Билетите за овој меч веќе одамна беа распродадени, а навивачите со нетрпение го очекуваа дуелот кој може многу да реши во трката за титулата во Серија А. Сепак, сега фановите ќе бидат ускратени за следење во живо на возбудувањата, а дополнителен шок за нив е одлуката која доаѓа од таборот на Јувентус.

Челниците на италијанскиот првак не прифатиле да им ги вратат парите на навивачите кои купиле билети за дербито против Интер, пишува „Газета дело спорт“. Навивачите на Јувентус вкупно потрошиле над три милиони евра за билети, пари кои сепак ќе останат во касата на италијанскиот првак, а навивачите нема да добијат задоволство да бидат на стадионот.

За разлика од Јувентус, најавено е дека челниците на Интер ќе ги вратат парите кои фановите ги платиле за гостувањето во Торино. Нераѕурите и задутре ќе играат без публика и на „Џузепе Меаца“ против Лудогорец во возвратната средба од нокаут-фазата од Лигата на Европа.

 

- Оглас -

Најнови вести