Јувентус оди на „сè или ништо“ против Порто

6004 Јувентус – Порто (21ч)

Порто знае дека победата остварена со резултат 2-1 во првиот дуел никако не гарантира пласман во топ 8 фазата, а воедно тоа е најопасен резултат кој треба да се брани во еден реванш, бидејќи на противникот му е потребен само гол за да го добие двомечот. Токму тоа ќе се обиде да го стори Јувентус, кој вечерва ќе игра на картата „сè или ништо“ со цел да ги одржи шансите за евентуално освојување на Лигата на шампионите.

Пирло за овој меч ќе ги нема на располагање Дибала, Де Лихт, Данило и Артур поради повреди, додека Бентанкур е позитивен на ковид-19. Сепак, главната ѕвезда Кристијано Роналдо доби повеќе време за да се подготви за овој важен меч така што одигра само дваесетина минути во победата на Јуве против Лацио.

Токму од Роналдо се очекува да ја протне екипата во четвртфиналето, односно Јувентус има големи шанси да триумфира ако се знае дека ги доби претходните два дуели на домашен терен против Порто со 3-1 и 1-0.

Предлог тип: 1 & T1 2+ (1.75)

 

6003 Борусија Дортмунд – Севилја (21ч)

Андалузијците претрпеа четири порази во последните пет меча во сите натпреварувања, па така шансите за изненадување им се минимални во реваншот против Дортмунд.

Тешко дека Севилја може да даде три гола на „Сигнал Идуна парк“ и при тоа да го сочува својот гол од неприкосновениот Халанд, кој е во страшна форма, но воедно е лут што неговите два погодоци не беа доволни за се слави во големото дерби против Баерн изминатиот викенд.

Севилја памети едно гостување кај Милионерите од септември 2010 година во кое славеше со минимален резултат од 0-1, но се чини дека Дортмунд вечерва само ќе го осигура учеството во четвртфиналето.

Предлог тип: 1X & 1+ прво полувреме (1.88)

 

1544 Брага – Гимараеш (22:45ч)

Брага треба да продолжи со победничката серија и повторно да дојде на +4 бода предност во однос на Бенфика во трката за местото кое води во квалификациите за ЛШ. Со оглед на тоа дека Брага е меѓу најуспешните екипи во португалската Примера на домашен терен и бележи само еден пораз, односно осум победи и реми во вкупно 10 меча, станува јасно дека домаќините ќе се погрижат за бодовите да останат на нивниот градски стадион.

Гимараеш последниот триумф против Брага го оствари пред повеќе од четири години, токму како гостин, а од тогаш Брага славеше во шест од вкупно седум меѓусебни пресметки и е на добар пат да забележи „пет од пет“ победи против Гимараеш од последниот меѓусебен дуел во кој немаше победник.

Предлог тип: 1 & 2-5 (2.24)

 

1011 Блекбурн – Свонси (19ч)

Пред Свонси е тешко гостување кај Блекбурн кое се надева дека ќе го добие и во последните 10 кола од Чемпионшип лигата ќе влезе со големи шанси за директен пласман во Премиер лигата. Евентуален триумф на Лебедите ќе ги однесе до второто место на кое засега стои Ватфорд со 66 бода, еден повеќе од Свонси, па логично е да се типува во корист на велшката екипа.

Блекбурн може да каже дека е сигурен во задржувањето на второлигашкиот статус, што всушност беше цел на некогашниот трикратен англиски шампион. Според последните пет меѓусебни дуели, голови треба да се очекуваат бидејќи Блекбурн и Свонси трипати играа ГГ4+, четирипати ГГ, а последната средба заврши со 2-0 во корист на Лебедите.

Предлог тип: X2 & 2+ (2.08)

 

1034 Портсмут – Сандерленд (20:45ч)

Борбата во Лига 1 за пласман во вториот ранг станува сè понеизвесна, а некогашните премиерлигаши посакуваат враќање во Чемпионшип. Портсмут сезонава не брилјира на домашен терен и има учинок од шест победи и порази, со пет ремија, додека Сандерленд само еднаш загуби во вкупно 15 гостувања, и тоа пред само три кола.

Црните мачки во овој дуел ќе влезат со пет бода предност во однос на Портсмут и добра форма со шест победи и едно реми, додека Портсмут ќе бара начин како да стави крај на мини-кризата од три меча без триумф. Претходните меѓусебни дуели наговестуваат нова неизвесна пресметка, а треба да се знае дека Сандерленд од далечната 1997 година не знае за победа на „Фратон парк“.

Предлог тип: 0-2I & 0-1II (1.78)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести