Јувентус одреди за колку пари ќе прифати да го продаде Дибала

Пауло Дибала не е во прв план кога се работи за нападот на Јувентус. Аргентинецот е во „сенка“ на Кристијано Роналдо и Марио Манџукиќ кои играат во одлична форма. Затоа и самиот Дибала најави дека е можно да си замине од Јувентус.

Неколку европски екипи веќе се заинтересирани за Дибала, а од Јувентус објавија дека ја одредиле минималната сума која треба да ја плати клубот што би сакал да го доведе Аргентинецот. Се работи за сума од 100 милиони евра. Се шпекулира дека Баерн Минхен, Пари Сен Жермен и Манчестер сити би сакале да го купат Дибала.

Дибала најави дека доколку добие кпоголема минутажа, воопшто не би сакал ни да си замине од Торино.

„Многу сум среќен што играм за Јувентус. Имам големи планови и на тоа сум фокусиран. Не размисливам за трансфер. Тоа не е мојот план“, рече Дибала пред крајот на 2018 година. Аргентинецот има договор со италијанскиот првак до 2022 година.

 

- Оглас -

Најнови вести