Јувентус подготвува договор за Дибала до крајот на кариерата

Јувентус наводно подготвува нов договор за Пауло Дибала, со кој Аргентинецот би останал во Торино до крајот на неговата кариера. Актуелниот договор на „дијамантот“ истекува во 2022 година, според кој заработува седум милиони евра годишно, а италијанскиот првак има намера да му ги зголеми примањата и да ги осигури неговите услуги на подолг период.

Дваесет и шестгодишниот офанзивец се најде на излезна врата пред клупата на Бјанконерите да ја преземе Маурицио Сари, под чие водство ја поврати формата и сега е незаменлив. Со седум гола и девет асистенции во 24 меча од Серија А, Дибала е еден од клучните играчи на Јувентус во намерата да го одбрани италијанскиот трон.

Речиси пред пет години Дибала пристигна на „Алијанц стадионот“ од редовите на Палермо за сума од 40 милиони евра, додека беше поврзуван со неколку англиски гиганти, како и ПСЖ, Реал Мадрид и Барселона, при трансфер од околу 100 милиони евра, но новиот договор ќе го оттргне од рацете на „грабливците“.

- Оглас -

Најнови вести