Јувентус потврди: Роналдо нема да игра против Барселона

Јувентус потврди дека Кристијано Роналдо сепак нема да игра против Барселона на 28. октомври во дербито од втората рунда во Лигата на шампионите.

И вториот тест на Ковид-19 беше позитивен на Португалецот, но сепак се најавуваше дека има шанси да мине во карантин до датумот на одигрување на мечот и да биде во составот за дуелот против Лионел Меси и неговите соиграчи.

Таа варијанта сега веќе е невозможна, Роналдо ќе мора да остане во изолација, а Јувентус не го пријави за дуелот со Барселона.

Првата ведета на Јувентус нема да игра и против Верона задутре во мечот од Серија А, па оптимистичката варијанта, ако се биде в ред на следното тестирање на корона-вирус е дека Роналдо би можел да игра на први ноември против Специја во Серија А и три дена подоцна со Ференцварош во меч од Лигата на шампионите.

 

- Оглас -

Најнови вести