Јувентус ја прослави новата титула во Серија А и стана првиот клуб во топ 5 лигите кој успева да доминира во домашното првенство дури осум години по ред. Ако со овој трофеј се постави еден неверојатен рекорд кој ќе се памти, многу брзо стигна најава и за прекинување на една неверојатна традиција на гигантот од Торино.
Од следната сезона Јувентус ќе го напушти традиционалниот дрес со линии во вид на „зебра“. Неверојатни 116 години трае традицијата на Јувентус да носи дрес во риги, а тоа сега ќе биде прекинато. „Зебрата“ е ставена на дресот во 1093 година и оттогаш беше заштитен знак на екипата.
За следната сезона е дизајниран дрес кој ќе биде поделен на два дела. Бела и црна половина со розева линија на средината ќе биде дресот на најтрофејниот италијански клуб. Шорцевите и чорапите ќе бидат во црна боја.
Јувентус доминираше во Серија А сезонава, но не успеа да стигне ниту до полуфиналето на Купот на Италија, каде што вечерва ќе играат Милан – Лацио.
⚪⚫ UPDATE: Juventus 19-20 Home Kit Leaked – 5 New Pictures: https://t.co/l4h8ggUeDr
— Footy Headlines (@Footy_Headlines) April 24, 2019