Јувентус против Специја ќе се вади за ремито во Лигата на Европа

1121 Тотенхем – Вест Хем (17:30 ч.)

Тотенхем се наоѓа во мини серија од два порази по ред (Милан 1:0 и Лестер 4:1), додека Вест Хем има две ремија по ред на кои одигра 1:1 (Челси и Њукасл). Тотенхем е подобар во меѓусебните натпревари, на последните три меча има две победи и едно реми. Дополнителен мотив за Петлите претставува вчерашниот пораз на Њукасл од Ливерпул, и со евентуална победа ќе ги прескокат Чавките на четвртото место на табелата.

Предлог тип: 1 & 0-3 (2.80)

 

1704 ПСЖ – Лил (13:00 ч.)

ПСЖ во 2023 година не личи на себе и веќе четири порази во сите натпреварувања. Згора на тоа, се наоѓа во серија од три порази по ред, загуби од Марсеј во Купот на Франција (2:1), од Монако (3:1) во Лига 1 и од Баерн Минхен (1:0) во Лигата на шампионите.

И покрај лошите резултати во 2023 година, Светците се први на табелата во Лига 1 со пет бода повеќе пред Олимпик Марсеј, додека неговиот противник има 13 бода помалку. Лил пак, има две победи по ред во Лига 1. Но, со враќањето на Килијан Мбапе по повредата, ПСЖ ќе биде далеку поопасен пред противничките голови и тоа се очекува да го покаже уште на денешниот натпревар.

Предлог тип: 1 & 1+ второ (1.99)

 

3008 Специја – Јувентус (18:00 ч.)

Јувентус не игра добро, но сепак победува во Серија А. По одемањето на 15 бода од страна на Италијанската фудбалска федерација, Старата дама не се наоѓа на позиција на табелата која и носи пласман во Европа и поради тоа и се потребни бодови. Старата дама мора да го поправи впечатокот од натпреварот што се одигра во четвртокот против Нант во Лигата на Европа кога ремизира 1:1.

Специја пак е на 17-та позиција на табелата и во претходното коло против Емполи ја прекина серијата од три порази по ред.

Предлог тип: 2 & 2-4 (2.50)

 

3009 Рома – Верона (20:45 ч.)

Римската волчица игра топло-ладно во 2023 година, на гости се мачи, додека на домашен терен победува во Серија А и со наоѓа на петтата позиција на табелата. Верона се наоѓа во опасната зона иако на последните четири натпревари оствари две победи и одигра два пари нерешено.

Рома на домашен терен редовно два најмалку два гола во дуелите со Верона. Од 1990 година Рома и Верона одиграле 13 натпревари во Серија А на „Олимпико“ и Волчицата само на два меча постигнала само еден гол.

Предлог тип: 1 & Т1 2+ (2.22)

 

1808 Борусија Д. – Херта (17:30 ч.)

Борусија Дотмдунд се наоѓа во страшна форма, Милионерите се единствениот тим од најсилните пет лиги, кој во 2023 година досега победил на сите натпревари. Борусија победи на сите седум меча во Бундеслигата, Купот на Германија како и во Лигата на шампионите, а згора на тоа славеше и во двата пријателски натпревари.

Најмалку голови дадоа на последниот дуел, тој против Челси во ЛШ кога славеа со 1:0, а на последниот натпревар пред своите гледачи во Бундеслигата со 5:1 го совладаа Фрајбург кој има ист број бодови како и Милионерите. Херта се наоѓа на претпоследното место на табелата со само 17 освоени бодови во 20 натпревари.

Предлог тип: Т1 1-3I & 1-3II (2.10)

- Оглас -

Најнови вести