Јувентус сака да се „отараси“ од Погба, има најголема плата, а сезонава не одигра ниту една минута

Управата на Јувентус планира да го раскине договорот со Пол Погба само по шест месеци откако Французинот се врати во Торино, пишува „Дејли мејл“.

Раскин на договорот би можело да следува доколку Јувентус не успее да пронајде купувач за Погба, што според англискиот весник, е реалност бидејќи речиси ниту еден тим што е фаворит за титулата во Лигата на шампионите не сака да фрли голема сума пари и да му даде огромна плата на играч кој повеќе е повреден отколку што игра.

Управата на Старата дама исто така му е лута на Погба бидејќи одби да замине на операција, која би го забрзала неговото враќање на теренот.

Згора на тоа, Погба има најголема плата во Јувентус, што претставува голем товар бидејќи Старата дама се соочува со ново одземање бодови поради финансиски малверзации, по кое дури и опстанокот во Серија А би бил загрозен.

Пол Погба минатото лето како слободен играч пристигна во Јувентус од Манчестер јунајтед откако одигра 233 натпревари на кои даде 39 гола.

- Оглас -

Најнови вести