Јувентус сè уште не знае што да прави со допингуваниот Погба

Јувентус се најде во неочекуван проблем откако Пол Погба падна на допинг тест и не знае што да прави со францускиот репрезентативец.

Погба беше тестиран позитивно на тестостерон, кој се наоѓа на листата на забранети суспстанци на Светската антидопинг агенција.

Директорот на Јувентус, Кристијано Џунтоли, за медиумите изјави дека во клубот ги чекаат резултатите од вториот тест на Погба, по што ќе одлучат дали ќе го раскинат договорот или ќе го задржат Французинот во тимот.

„Раскин на договорот? Моментно ги чекаме резултатите, па потоа со агентите на Погба
ќе одлучиме што понатаму“, изјави Џунтоли.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести