Николас Џексон би можел да ја продолжи кариерата во Италија, откако неговата иднина повторно стана неизвесна.
Во моментов напаѓачот настапува како позајмен играч во Баерн Минхен од Челзи, но германскиот гигант нема намера да го откупи неговиот договор. Тоа значи дека летово 24-годишниот фудбалер ќе се врати во Лондон, каде што исто така не е во плановите на клубот.
Интерес за него покажува Јувентус, кој е подготвен да го доведе на позајмица, тврдат италијанските медиуми. Ситуацијата ја следи и Милан, кој исто така размислува за можен трансфер.
Џексон оваа сезона одигра 30 натпревари за Баерн, постигнувајќи 10 голови. Неговиот договор со Челзи трае до летото 2033 година.

