Јувентус сигурно победува, Севилја ќе влезе во трка за титула

3005 Фиорентина – Јувентус (15 ч.)

Ако сака Јувентус да докаже дека има тим за настап во ЛШ за следната сезона, денеска едноставно мора да победи на гостувањето во Фиренца. Виолетовите се во опасност за испаѓање, а мотив повеќе ќе им биде и тоа што во есенскиот дел во торино ја победија Старата дама со убедливи 3:0.

Традицијата вели дека на 11 од последните 14 меѓусебни средби имало барем по три гола, што значи дека може да се очекува интересен меч, а предноста сепак е на страната на гостите.

Предлог тип: 2&3+ (2.30)

 

3144 Динамо Загреб – Хајдук (20 ч.)

Без разлика што е вечно хрватско дерби, Динамо е голем фаворит. Тоа го покажува моменталната состојба на табелата, затоа што Модрите се борат за задржување на титулата, додека Хајдук заостанува дури 24 бодови зад вечниот ривал.

Сезонава Динамо два пати се радуваше против Хајдук, во мечеви на кои завршуваа ГГ3+. Динамо е најдобар домаќин со 12 победи во 15 средби, додека Хајдук на гости има само пет победи во 15 дуели.

Предлог тип: 1Х&2-3  (2.25)

 

1807 Лајпциг – Штутгарт (15:30 ч.)

Домаќините со победа ќе ја одложат промоцијата на Баерн Минхен во старо-нов првак во Бундеслигата, но ќе бидат и речиси сигурно втори на крајот. Штутгарт откако го обезбеди опстанокот нареди четири порази во последните пет кола и делува како тим кој не е многу заинтересиран за надигрување.

Посебно слаба им е одбраната на Штутгарт, додека Лајпциг има квалитетен напад, па може да се очекуваат погодоци во двете полувремиња.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.76)

 

1352 Атлетик Билбао – Атлетико Мадрид (21 ч.)

Атлетик се специјализираше да биде тим кој игра нерешено, па има пет реми во последните пет кола. Последен пат во првенството загубија токму од Атлетико Мадрид со 2:1 во меч одигран минатиот месец. Гостувањето во Билбао секогаш е тешко за сите, па затоа и Атлетик во 15 меча има само четири порази, а и само 13 примени гола на свој терен.

Ако се знае дека мадридскиот гигант ја има најдобрата одбрана, сигурно ова ќе биде натпревар кој може да биде решен и со само еден пораг.

Предлог тип: 0-2 (1.51)

 

1308 Севилја – Гранада (18:30 ч.)

Иако сите се фокусираат на гигантите од Мадрид и на Барселона, Севилја е тим кој е четвртиот со реални шанси да се бори за титулата. Доколку Севилја вечерва победи, а Атлетико Мадрид не освои бодови во Билбао, разликата ќе падне на само три бода.

Токму затоа, Севилја сигурно ќе продолжи во силен ритам, посебно на свој терен каде има 11 победи во 15 средби. Гранада е многу слаба на гости и во просек прима по два гола.

Предлог тип: 1-1&3+ (3.40)

 

- Оглас -

Најнови вести