Јувентус славеше со 3-1, но победата не делува убедливо како резултатот (видео)

Јувентус со многу мака се избори за трите бода во победата од 3-1 против Сасуоло во мечот од 17-тото коло во Серија А. Бјанконерите наидоа на тврд орев во гостите од Сасуоло, кои цело второ полувреме држеа егал резултат со 10-мина фудбалери, откако црвен картон пред паузата заработи Педро Обијанг.

Мразот го скрши Данило со фантастичен удар од далечина во 51-вата минута, меѓутоа водството во корист на Јуве на семафорот стоеше само осум минути, пред Дефрел да израмни на 1-1 по еден час игра.

Гостите веруваа дека може да остварат потполна сензација, но ризикот не им се исплати, па домаќините искористија контранапад кој Рамзи го претвори во погодок за 2-1, а потоа Португалецот се оддолжи за промашувањата од претходно и во судиското надополнување сигурно реализира за конечни 3-1 во Торино.

Јувентус со деветтиот триумф стигна до 33 бода и четвртото место на табелата, додека Сасуоло останува на 29 бода.

 

- Оглас -

Најнови вести