Јувентус со два исти голови докажа дека Торино има комплекс во градските дербија (Видео)

Јувентус го доби градското дерби против Торино со 2-1, и тоа со пресврт во финишот, а двата гола беа речиси идентични. Во 77-та минута центаршутот на Квадрадо го искористи Меккени кој е третиот Американец што постигнал гол во Серија А после Алекси Лалас и Мајкл Бредли, а во 89-та погоди Бонучи кој истотака со шут со глава по нафрлување на Квадрадо го совлада Сиригу.

Торино кога е во улога на официјален гостин, не победил против Јуве уште од април 1995 година, па таа 25-годишна традиција на комплекс на Биковите кога играат против Старата дама продолжи.

https://twitter.com/i/status/1335295379651366912

- Оглас -

Најнови вести