Јувентус со неприфатлив предлог до Тотенхем

Јувентус е заинтересиран за ангажман на Данецот Кристијан Ериксен, и за возврат на Тотенхем му го нуди Адриен Рабио. Французинот не се снаоѓа во Торино, силната конкуренција во италијанскиот првак е таква што за него нема место во тимот.

Интерес за Ериксен има и од Реал Мадрид и Баерн Минхен. Ериксен кој има 27 години, сезонава има 11 настапи, со само еден гол и една асистенција. Договорот со Спарс му е до јуни, па „петлите“ ако сакаат да заработат би го продале во јануари, за да не го загубат бесплатно во јули.

Рабио играше на четири меча за Јуве, и тој е поефтин од Ериксен, но помлад е, и има договор до 2023 година.

Од Тотенхем се огласија после овие шпекулации, и велат дека не се заинтересирани за Рабио. За него сметаат дека е „проблематично момче“, кое не го сакаат во својата соблекувална. Одбивањето на трампа во која би бил вклучен Рабио, не значи дека Јуве ќе се откаже од Ериксен, но ќе треба во Лондон да испрати друг играч, или да плати колку што ќе побара европскиот вицепрвак.

- Оглас -

Најнови вести