Спортска прогноза: Јувентус со нетрпение чека да игра на „Олимпико“

Дуелот меѓу Лацио и Јувентус се истакнува како еден од најинтересните парови за прогнозирање во второто коло на Спортска прогноза. Исходот од средбата која ќе се игра на „Олимпико“ во недела (20:30 часот), може да одлучи дали токму во ова коло за првпат ќе има добитник на главната награда iPhone XS, бидејќи тоа е последниот меч во последниот ден од оваа седмица, односно претпоследен во целото коло.

Јувентус со нетрпение го чека овој меч бидејќи има долга победничка серија која трае шеснаесет години и речиси секогаш си заминува со цел плен од Рим кога игра против Лацио. „Небесно-сините“ како домаќини последен пат триумфирале во декември 2003 година (2-0), сметајќи ги само натпреварите од Серија А. Ако се гледаат последните 15 првенствени средби одиграни на „Олимпико“, Јувентус има учинок од 10 победи, четири ремија и само еден пораз, па јасно е дека избраниците на Макс Алегри и на претстојната пресметка ќе бидат фаворити.

Позитивен резултат е единствена опција за Јуве, бидејќи по 20 натпревари сезонава, сè уште се непоразени, стојат цврсто на врвот на табелата со 56 бода од можни 60. Жеден за голови ќе биде и Кристијано Роналдо, кој досега брои 14 погодоци. Португалецот во победата над Киево (3-0) утна пенал, па сега ќе сака што побрзо да се врати на лидерската позиција на листата на стрелците во италијанскиот шампионат, бидејќи Запата, Квалјарела, па и Пјонтек му пркосат во трката за Златната копачка во Италија.

Првата награда за секое коло е прекрасниот мобилен телефон iPhone XS, а за да го имате во колекцијата, треба да ги погодите сите 13 парови.

Со 12 погодени парови следува уште една многу вредна награда, мобилен телефон Samsung Galaxy A6 2018.

Подароци ќе има и за оние кои ќе имаат 11 и 10 погодоци. За 11-ка се добива ваучер во вредност од 500 денари во Sport Life, додека со 10-ка ќе бидете добитник на ваучер од 200 денари од обложувалниците на Sport Life.

НЕ ПРОПУШТАЈТЕ НИТУ ЕДНО КОЛО

Стартувајќи од 15-ти јануари 2019 година, почнува и натпреварот во Генералниот пласман, во кој се собираат вкупно поените од сите типувања за секое одделно коло, па сè до последното коло од Спортска прогноза со почеток на осми мај 2019 година. Генералниот пласман има посебен награден фонд, независен од наградите за секое поединечно коло на Спортска прогноза.

1. место: Mi Електричен тротинет
2. место: Велосипед Capriolo Passion Men
3. место: Ваучер од 1000 денари во Sport Life обложувалници
4. место: Ваучер од 500 денари во Sport Life обложувалници
5. место: Ваучер од 300 денари во Sport Life обложувалници

- Оглас -

Најнови вести