Јувентус за Мбапе подготвува понуда која не се одбива!

Килијан Мбапе во Јувентус, а Кристијано Роналдо во Пари Сен Жермен. Ова може да стане реалност следната година доколку се оствари шпекулацијата која ја објавија повеќе медиуми, дека наводно италијанскиот првак е подготвен за Мбапе да плати неверојатни 400 милиони евра. Како дел од договорот, Старата дама би се откажала од Роналдо и би го продала во ПСЖ.

Голем интерес за Мбапе има од Реал Мадрид, а и Французинот не крие дека еден ден сака да заигра за најтрофејниот европски клуб во којшто летото 2021 ќе има претседателски избори и ќе има барем еден „галактичарски“ трансфер. И Ливерпул се надева дека може да го привлече 21-годишниот напаѓач, а сега и Јуве најавува дека би се вклучил во трката. Договорот на Кристијано е до 2022 година.

Договор од 400 милиони евра делува незамисливо во ера на пандемија, па прашање е колку е ова реално, но на ПСЖ супер би му дошла таа силна финансиска инјекција и привлекување на Роналдо, кој е маркетиншки магнет, а уште е и одличен голгетер и на 35 години.

- Оглас -

Најнови вести