Јувентус започна преговори со најдобриот играч за врска во Серија А

Јувентус започна преговори околу долгопосакуваната цел, Сергеј Милинковиќ-Савиќ. Играчот за врска на Лацио неодамна беше избран за најдобар на својата позиција во тековната сезона во Серија А, па италијанскиот првак одлучи да го одврзе ќесето за Србинот и да исплати 100 милиони евра за неговите услуги.

Ова го најавија неколку италијански медиуми, а како што тврдат тие, Милинковиќ-Савиќ се согласил на преселба во Торино, останува Јуве да најде заеднички јазик со Лацио.

Српскиот репрезентативец веќе неколку сезони игра на врвно ниво, иако беше критикуван на стартот од оваа сезона, во вториот дел ги покажа вистинските квалитети, по што стана цел и на неколку европски гиганти. Тој беше еден од предводниците на Лацио до освојувањето на Купот на Италија, каде што во финалето против Аталанта беше стрелец при победата од 2-0.

Старата дама минатото лето искешира околу 115 милиони евра за Кристијано Роналдо, а сега повторно ќе трошат 100 милиони евра за големо засилување.

- Оглас -

Најнови вести