Јувентус знае да позајми играч – Киеза ќе ги чини 60 милиони евра, а веќе одбиваат понуди од 100 милиони евра

Јувентус знае да позајми вистински играч и раководството на Старата дама немаше утка ниту со Федерико Киеза, па веќе одби и понуда од 100 милиони евра од Челзи, за одличниот офанзивец.

Киеза игра за Јуве како позајмен фудбалер од Фиорентина и „црно-белите“ од Торино мудро постапија кога побараа и право за откуп на неговиот договор. Тоа ќе ги чини 40 милиони евра и сигурно ќе се случи, а Киеза веќе вреди барем два и пол пати повеќе.

Челзи според англиските медиуми испратил понуда до Јувентус летово, вредна 100 милиони евра, но таа е одбиена. Според Јувентус Киеза вреди многу повеќе, а во ред за италијанскиот репрезентативец чекаат и Ливерпул, Реал Мадрид, Њукасл и секако Челзи, кој не се откажува и според англиските медиуми ќе понуди повеќе од стотката што е одбиена во Торино.

Киеза на 5. октомври лани потпиша двегодишен договор за позајмица со Јувентус, а Старата дама веќе плати 3 милиони евра веднаш. Фиорентина треба да добие уште 7 милиони евра за оваа сезона и плус уште 40 милиони евра ако Јувентус одлучи да го откупи договорот на Киеза што сигурно ќе се случи.

Виолетовите имаат анекс во договорот за позајмица на Киеза во Јувентус за дополнителни бонуси од 10 милиони евра, што значи дека вкупно би можеле да заработат 60 милиони евра.

Јувентус одигра маестрално и со Пол Погба во 2012 година, кога францускиот репрезентативец дојде од Манчестер јунајтед бесплатно, па потоа Црвените ѓаволи го вратија назад за рекорден трансфер од 105 милиони евра во 2016 година.

Старата дама ќари 10 милиони евра и со Алваро Мората во слична ситуација како со Пол Погба, откако го купи Шпанецот за 20 милиони евра од Реал Мадрид во 2014 година, па го врати назад за 30 милиони евра, две сезони потоа.

 

 

- Оглас -

Најнови вести