Јужна Америка го добива новиот првак, „Маракана“ е подготвена за бразилското финале

Палмеирас и Сантош се лути градски ривали од Сао Пауло, а вечерва овие два клуба на „Маракана“ во Рио де Жанеиро ќе се борат за титулата во Копа Либертадорес, за трофејот за најдобар тим во Јужна Америка. Од 2006 наваму немало бразилско финале во ова натпреварување.

Славната „Маракана“ првпат е место каде се игра финалето на панданот на Лигата на шампионите во Јужна Америка, и спектаклот ќе биде осиромашен бидејќи ќе нема публика. Во полуфиналето, бразилските тимови ги елиминираа аргентински гиганти Ривер плејт и Бока јуниорс, па во финалето нема изразит фаворит. Според квотите во Sport Life, Палмеирас е фаворит, тоа е тим во кој има попознати имиња, но Сантош во полуфиналето ја разби Бока и заслужува респект.

Палмеирас само еднаш бил првак на Копа Либертадорес, во 1999 година, а Сантош има три, од кои две во времето кога Пеле го носеше белиот дрес и еднаш во 2011 година кога беа предводени од Нејмар.

- Оглас -

Најнови вести