Јужна Кореја е 15-тиот учесник на Светското првенство во Катар

Репрезентацијата на Јужна Кореја обезбеди настап на Светското првенство во фудбал, кое ќе се одржи во Катар.

Јужна Кореја со 2:0 славеше на гостувањето кај Сирија и стигна до 20 бода во групата А, со што дојде до 10-тиот настап на СП едноподруго.

Напред пак е Иран, кој има 22 бода и веќе од минатото коло слави, а денеска ги совлада Обединетите Арапски Емирати со 1:0.

Токму Иран и Јужна Кореја ќе се соочат во наредното деветто коло, кое ќе се игра во март, но тој меч нема да има резултатско значење.

На третото место, пак, во оваа група се ОАЕ, коишто има девет бода и ќе играат со најдобрата трета селекција од другата група, а тоа во моментов е Австралија, која има 14 бода, додека на второто место е Јапонија (18), а напред е Саудиска Арабија со 19 бода.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести