Јужна Кореја немоќна против проклетството кое им го носи второто коло на Мундијалите

Гана има убава предност од 2-0 по првото полувреме на дуелот со Јужна Кореја и најавува дека ќе продолжи проклетството на Корејците кое им се случува во вторите кола на светските првенства.

Ова е 11-ти меч на Јужна Кореја во второ коло во групна фаза на Мундијалите, а на првите десет никогаш не победиле. Според резултатот против Гана, малерот во вторите кола нема да го разбијат ниту денеска во 11-тиот обид.

Корејците и со евентуален пораз од Гана нема да бидат елиминирани, но во последното коло ќе мора да ја победат Португалија, а и некои други резултати треба да им одат во прилог.

Гана е прва африканска селекција која има серија од осум меча по ред на Мундијалите на кои дава барем еден гол. Гана од 2010 чека на прва победа на СП.

- Оглас -

Најнови вести